Достапни линкови

Меркел на разговори за бегалската криза со Ердоган


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска патува во Истанбул на разговори за бегалската криза со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Меркел се обидува да обезбеди европски договор со Турција за помош и поблиски врски во замена за тоа Турција да ги поттикне бегалците да останат таму. Меркел се соочува со притисок, вклучително и од нејзините конзервативни сојузници, за засилување на контролата на германските граници за одвраќање на бегалците. Германија очекува меѓу 800 илјади и еден милион мигранти оваа година. Европскиот пакет за помош вклучува најмалку три милијарди евра за Турција да згрижи повеќе од два милиони бегалци што се во моментов таму. Договорот предвидува забрзување на процедурата за визи за турските граѓани при влез во ЕУ, како и забрзување на преговорите за членство на Турција во ЕУ. Амнести интернејшнал го критикуваше планот, велејќи дека не води сметка за тешкотиите со кои мигрантите се соочуваат во Турција, како и за обврската на ЕУ да ги заштити.

XS
SM
MD
LG