Достапни линкови

logo-print

Рохани сака подобрување на билатералните односи со Германија


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран и Германија треба да ги подобрат билатералните односи, соработката во борбата против тероризмот и промовирањето на стабилноста на Блискиот Исток. Рохани ова го рече вчера за време на состанокот на шефот на германската дипломатија Франк Валтер-Штајнмаер во Техеран. На средбите со Рохани и со неговиот колега Мохамад Џавад Зариф, Штајнмаер разговарал за кризата во Сирија и за билатералните односи меѓу двете земји. Штајнмаер побара од Иран да ги исполни обврските од нуклеарниот договор што Техеран го потпиша со шесте светски сили. Од Иран, германскиот министер замина во Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG