Достапни линкови

logo-print

Ослободена германска хуманитарка во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Германската хуманитарка која беше киднапирана во Авганистан во август е ослободена и е во добра здравствена состојба. Германската организација за развој ГИЗ денеска соопшти дека жената, чиј идентитет не е соопштен, „е добро со оглед на околностите“ и оти е многу среќна по ослободувањето. Таа беше киднапирана на 17 август во центарот на Кабул кога вооружени луѓе го запреле нејзиното возило. Шефот на германската дипломатија Франк Волтер-Штајнмаер, кој е во посета на Техеран, изјави дека му олеснало по ослободувањето и им заблагодари на авганистанската влада и на безбедносните сили за ослободувањето на Германката. Друг вработен во ГИЗ беше киднапиран во провинцијата Кундуз на северот на Авганистан, но беше ослободен после 40 дена.

XS
SM
MD
LG