Достапни линкови

Иран негира дека има свои војници во Сирија


Иран негира дека има свои војници во Сирија, но најавува дека ќе ја засили воената поддршка за режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад со зголемување на бројот на советници за борба против тероризмот. Заменик министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан вчера рече дека нема ирански војници во Сирија, наспроти тврдењата на претставници на САД дека околу две илјади борци од Иран и од други земји во регионот се во Сирија, каде што ги поддржуваат владините сили.

„Имаме воени советници во Ирак и во Сирија на барање на владините на двете земји“, рече Абдолахиан.

Иран е клучен сојузник на Асад.

XS
SM
MD
LG