Достапни линкови

logo-print

Сириските владини сили напредуваат во Алепо


Сириските владини сили извршија скромен напредок против бунтовниците во северната провинција Алепо со поддршка на руските воздушни напади. Сириските сили ја презедоа контролата врз пет села и други стратешки територии со што се приближија до јужните делови на градот Алепо, кој е најголем град во земјата, информира Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Директорот на опсерваторијата Рами Абдел Рахман изјави дека со ова владините сили се сè поблиски до обезбедувањето на клучната рута за снабдување меѓу Алепо и провинцијата Хама во централна Сирија. Владините сили контролираат половина од Алепо, додека бунтовниците ја контролираат другата половина. Сириските владини сили се координираат со Русија во нападите врз провинциите Алепо, Хама, Хомс и Латакија. Овие области се во голема мера ослободени од Исламската држава, но присутни се организацијата Ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда, и други бунтовнички групи. Се проценува дека 250 илјади луѓе загинаа од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.

XS
SM
MD
LG