Достапни линкови

logo-print

Кинеските вештачки острови нема да влијаат на морепловството


Илустрација.

Илустрација.

Вештачките острови изградени во Јужното Кинеско Море се наменети за олеснување на локалниот морски превоз и нема да влијаат на слободата на навигацијата во оваа област, соопшти кинескиот генерал Фан Чанглонг, говорејќи на денешната конференција во Пекинг.

„Островите ќе ни овозможат да се обезбедат подобри јавни услуги кои ќе помогнат во навигација и производството во Јужното Кинеско Море“, рече генералот.

Американскиот адмирал Гери Ругхед, говорејќи на истата конференција, ја критикуваше политиката на градење на островите, за кои вели дека ги засилуваат сомневањата и претставуваат потенцијал за погрешни проценки.

Кина предизвика загриженост поради градбата на островите, додатните пристаништата, воздушните ленти, како и други објекти, за кои САД и други земји велат дека може да го дестабилизира милитизираниот регион.

XS
SM
MD
LG