Достапни линкови

logo-print

Полицијата во Подгорица го растури опозицискиот камп пред парламентот


Црногорската полиција денеска растури камп со шатори на опозицијата пред парламентот и ги прекина протестите на Демократскиот фронт кои почнаа пред 20 дена.

Демократскиот фронт соопшти дека добиле известување оти протестот е забранет со решение од Министерството за внатрешни работи.

Приведени се неколку луѓе, меѓу кои двајца опозициски пратеници. Еден пратеник е хоспитализиран.

Опозицијата најави продолжување на протестите, сè до исполнување на целта – паѓање на владата на Мило Ѓукановиќ, формирање преодна влада и закажување демократски избори во држава.

XS
SM
MD
LG