Достапни линкови

logo-print

САД бара Турција да не суди ирачки новинар


Илустрација.

Илустрација.

Американскиот Стејт департмент ја повика Турција да не му суди на ирачкиот новинар кој беше уапсен на 27 август додека работел за Вајс Њуз (Vice News).

Уапсениот Мохамед Расол е ирачки Курд, а работел како локален помошник на новинари од Асошијетед прес. Тој им помагал на новинарите да известуваат за борбите во југоисточниот дел на Турција, кога беше уапсен.

Полицијата соопшти дека нивен информатор пријавил дека уапсените ја поддржувале Исламската држава, што е неверојатно обвинување со оглед на тоа што Расол за Вајс работел токму на документирање на злосторствата на ИСИС.

Двајца британски новинари исто така беа уапсени и држени 11 дена во притвор под обвиненија за тероризам, но потоа беа пуштени, а Расол останува во притвор.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер повика турските власти во случајот на Расол да ги почитуваат универзалните демократски вредности за слободата на изразување и пристап до медиуми и информации.

XS
SM
MD
LG