Достапни линкови

ОН огорчени поради егзекуцијата на малолетници во Иран


Илустрација.

Илустрација.

Експертот за човекови права на Обединетите нации, Дубравка Симоновиќ, изрази огорченост и длабока тага поради егзекуцијата на двајца малолетни престапници во Иран. Тие ја повикаа земјата да престане да убива деца.

На 13 октомври во Иран беше обесена Фатеме Салбехи, која беше осудена за убиство на мажот за кој била принудена да се омажи кога имала 16 години. Со тоа таа стана единаесеттата жена погубена годинава во Иран. Годинава во земјата биле погубени 700 луѓе.

ОН посочува на недостатоци во нејзиното судење и предупредија дека извршувањето на казната е јасно прекршување на меѓународните закони за забрана на смртната казна за малолетниците.

Тие, исто така, ја осудија и смртната казна за Самад Захаби кој беше осуден за убиство на свој колега овчар кога имал 17 години. И во неговиот случај биле забележани недостатоци.

XS
SM
MD
LG