Достапни линкови

logo-print

Мијалков вели дека пиштолот го носел по грешка


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Екс директорот на УБК Сашо Мијаков во изјава за порталот Пресс24 доцна синоќа ја потврди случката на белградскиот аеродром каде во неговата патничка торба, како што објавија српските медиуми, бил откриен пиштол.

Мијалков го потврдува настанот и вели дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил. Пиштолот во торбата бил откриен на рентген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а тој го продолжил патувањето.

Мијалков вели дека се работи за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола и вели дека не поседува службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено откако си даде оставка на функцијата на 12 мај годинава.

Опозицискиот СДСМ, пак, денеска прашува како Мијалков успеал да ја помине контролата на аеродромот во Скопје.

„Кој дозволил Мијалков да помине без да биде проверено што носи? Кој ќе преземе одговорност што непријавен пиштол бил дозволен во авион? Кој ја гарантира безбедноста на авионскиот сообраќај? Дополнително, овој скандал отвора прашање што друго носи во своите куфери Сашо Мијалков кои очигледно поминуваат непроверени во Македонија. Ако не пријавил пиштол што сè друго не пријавува Сашо Мијалков кога ја напушта земјава?“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Компанијата ТАВ, која управува со аеродромот Александар Велики во Скопје засега се уште нема коментар за тоа како пиштолот ја поминал безбедносната контрола.

XS
SM
MD
LG