Достапни линкови

Унгарија ја затвори и граница со Хрватска


Унгарија од полноќ ја затвори „зелената“ граница со Хрватска за да спречи бран бегалци и го заостри режимот на службените гранични премини. Унгарската Влада соопшти дека од синоќа ја „запечатила“ границата за да ги „заштити граѓаните на Унгарија и на Европа“. Портпаролот на Владата, Золтан Ковач, рече дека од хуманитарни причини ќе биде овозможен влез на неколку стотици мигранти кои до границата пристигнале пред полноќ.

Хрватската радио-телевизија јави дека еден час по полноќ Унгарија кај преминот Ботово развлекла бодликава жица и така целосно ја затворила границата. Според унгарски медиуми, можно е на границата да има тензични ситуации. Границата ќе ја чуваат војници.

Хрватска, пак, соопшти дека ќе ги пренасочува мигрантите кон Словенија.

Во меѓувреме, Словенија почна со засилување на полициските сили на границата со Хрватска, наведе министерката за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жнидар по состанокот на владиниот Координациски совет за бегалци. Словенија преговара и со Хрватска за влезни точки за бегалците.

XS
SM
MD
LG