Достапни линкови

Временска прогноза - Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните делови не е исклучено да има и слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 19 степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има во недела кога максималната дневна температура ќе се движи од 18 до 23 степени.

Во понеделник кон крајот на денот и во наредните денови времето ќе биде со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и засилен северен ветер, а од среда се очекува и опаѓање на температурата.

XS
SM
MD
LG