Достапни линкови

Партиите разговараат за тимот на специјалната обвинителка


Претставниците на политичките партии заедно со посредникот Питер Ван Хоуте попладнево во Клубот на пратениците разговараат за решавање на прекршувањето на договорот од Пржино поради одлуката на Советот на јавни обвинители да изберат само половина од предложените обвинители на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски изјави дека нема да разговараа за ниту една друга тема се додека не се реши овој проблем. „Бараме Советот итно да закаже седница и да гоизбере преостанатиот дел од предложените обвинители од тимот на обвинителката Јанева. Се додека не се реши овој проблем, договорот на втори јуни и од 15 јули годинава, за СДСМ не е активен", рече Манчевски. На средбата дојде и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека на средбата ќе се дискутира за сите прашања.

XS
SM
MD
LG