Достапни линкови

logo-print

СЈО: Јанева врши непринципиелен притисок


Советот на јавни обвинители преку соопштение реагира на повикот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до избраните помошници да не одат на свечената изјава во Советот. Оттаму велат дека информациите за барањето на Јанева до обвинителите, го сметаат за повторен непринципиелен притисок врз советот.

„Истакнуваме дека јавните обвинители и јавната обвинителка Катица Јанева се избрани да ја вршат надлежноста во согласност со законот, а не да водат политика – се наведува во соопштението во кое советот повторно изразува подготвеност доколку обемот на работа на Специјалното обвинителство се зголеми, да донесе одлука за проширување на бројот на јавните обвинители во тоа обвинителство.

Претходно, специјалната обвинителка Катица Јанева им порача на седуммината обвинители кои беа избрани од листата од 14 имиња што таа ги предложи до Советот, да не одат на седницата во понеделник кога е предвидено да дадат свечени изјави.

XS
SM
MD
LG