Достапни линкови

Основано ново политичко движење „ФРОДЕМ“


Основано е ново политичко движење во Македонија наречено Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ), чии иницијатори се професорот Јове Кекеновски, бизнисменот Трифун Костовски и други јавни личности.Иницијаторите наведуваат дека движењето има за цел да се позиционира во центарот на политичката сцена и да биде коректив и критичар на негативните политики на политичките партии и оти немаат намера да го фрагментираат опозицискиот блок, туку да воспостават систем на нови идеи и решенија во кои главната улога ќе ја има човекот. „Човекот пред сé“ е мотото под кое тие денеска рекоа дека ќе се залагаат за демократизација, департизација, деполитизација и децентрализација на институциите на државата.

XS
SM
MD
LG