Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Нобеловата награда е исполитизирана


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Нобеловата награда е исполитизирана и се доделува по нарачка. Ваквата изјава Ердоган ја деаде во обраќањето на отворањето на Самиот В20 што годинава се одржува во Турција во рамките на Самитот Г20. „Навистина се случуваат интересни работи. Некој таму ќе каже дека ќе прими од 30.000 до 40.000 бегалци, а потоа не знам на кој начин тој истиот ќе биде прогласен за кандидат за Нобелова награда. Ние досега примивме 2,5 милиони бегалци, дали некој го интересира тоа, посочи Ердоган, додавајќи оти поради тоа и „Нобеловата награда е исполитизирана“. Турскиот претседател наведе дека Нобеловата награда се доделува по нарачка. „Не е важно дали некој ја заслужува или не. Тоа не е важно, туку само нарачката. И овие работи ќе бидат надминати“, наведе Ердоган.

XS
SM
MD
LG