Достапни линкови

Средба Вајгл-Бесими: Поддршка во подобрување на состојбите


Соработката помеѓу Република Македонија и Европскиот парламент како и досега ќе продолжи со силно темпо и динамика, и со заеднички пристап и поддршка во понатамошното подобрување на состојбите и реализација на реформите во секоја општествена сфера. Ова го истакнале вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл на денешната работна средба во Скопје. Вицепремиерот Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, посочил дека евроатлантската интеграција останува еден од клучнитестратешки приоритети на Македонија, а Владата продолжува да работи во спроведувањето на потребните реформи и мерките за понатамошно правно и институционално приближување кон Европската унија. Дискусијата била фокусирана на активностите кои се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда на земјата.

XS
SM
MD
LG