Достапни линкови

Русија планира да изгради воена база во Сирија


Русија планира да изгради „единствеа воена база“ во Сирија која треба да служи за операциите против групата на Исламската држава. Предвидено е базата да вклучи неколку компоненти, како поморските, воздушните и копнените сили, рече заменик шефот на началникот на Генералниот штаб, Андреј Картаполов. Тој додаде дека е можно руските постојани поморски сили во Средоземното Море да бидат употребени за напади врз цели во Сирија. Русија проценува дека групата на ИД брои од 40 до 50 илјади во Сирија иа Ирак. Тој додаде дека Русија „не гледа“ никаква „умерена опозиција“ во Сирија. „Секоја личност која со оружје во рацете се бори против легалнаи власти... дали можете да ја наречете умерена?“, рече Картаполов. Тој истакна дека руските сили извршиле 600 мисии против 380 цели во Сирија.

XS
SM
MD
LG