Достапни линкови

Вајгл: Одложувањето на договорот предизвикува големи проблеми


Европратеникот Иво Вајгл изјави дека одложувањето на реализацијата на договорот од Пржино предизвикува големи проблеми за Македонија. Тој рече дека доколку договорот не биде имплементиран, Македононија ќе биде земја во криза, иако се надевавме дека кризата ќе биде надмината со овој договор. Тој денеска имаше средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во седиштето на СДСМ, а вчера се сретнал со премиерот Никола Груевски, со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Пред да замине Вајгл ќе има средба и со вицепремиерот Фатмир Бесими.

XS
SM
MD
LG