Достапни линкови

logo-print

Турција собори неидентификувано летало на границата со Сирија


Турската војска соопшти дека соборила неидентификуван авион во близината на границата со Сирија, откако не одговарал на повторените предупредувања, јавува Ројтерс. Во денешната пишана изјава војската наведува дека неидентификуваното летало не одговарало на три предупредувања и било соборено согласно турските правила на војската. Неидентификуван висок владин претставник за Ројтерс изјавил дека леталото било дрон. Турција, која е членка на НАТО во неколку наврати се жалеше дека руските авиони кои изврушуваат воздушни напади во Сирија го прекршуваат турскиот воздушен простор. Портпаролот на турската владеачка партија АКП на 7 октомври соопшти дека руското прекршување на воздушниот простор Турција го гледа како закана.

XS
SM
MD
LG