Достапни линкови

Блиска воена соработка на земјите на ЗНД


Лидерите на земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД) потпишаа 17 договори, вклучително и за борбата против меѓународниот тероризмот и договор за воена соработка до 2020 година. Договорите денеска беа потпишани на самитот на лидерите на ЗНД во селото Бурабај во Казахстан, каде присуствуваа претставници од Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Русија, и Узбекистан. Претставниците на Молдавија, Туркменистан и Украина учествуваа како набљудувачи. На прес-конференција рускиот претседател Владимир Путин рече дека поблиска воена соработка е неопходна бидејќи „ситуацијата во Авганистан е блиску да стане критична.“ Тој додаде дека „една од целите на исламистичките терористи во Авганистан е да навлезат во регионот на Централна Азија. За договорот за воена соработка Путин рече дека ќе дадат координиран одговор на таквата закана.

XS
SM
MD
LG