Достапни линкови

САД очекуваат сојузниците да останат во Авганистан


Ештон Картер

Ештон Картер

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изрази уверување дека сојузниците во НАТО ќе го обноват нивниот придонес во Авганистан како што тоа вчера го направи Вашингтон. Претседателот Барак Обама објави дека ќе задржи околу 5 ипол илјади американски војници и по 2016 година, кога повеќето од скоро 10 илјади војници требаше да се повлечат од Авганистан. „Веќе иницирав консултации со клучните сојузници за нивната натамошна поддршка на оваа мисија“, изјави Картер. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Обама како клучна во поддршката на Кабул. Соединетите држави по отстранувањето на талибанците од власт во 2001 година во Авганистан имаа околу 100 илјади војници.

XS
SM
MD
LG