Достапни линкови

logo-print

ЕУ: спогодба со Турција за блокирање на мигрантите


Лидерите на Европската унија синоќа во Брисел ја прифатија спогодбата со Турција за помош од 3 милијарди долари на Анкара со цел запирање на неконтролираниот прилив на мигранти во Европа. Исто така е постигнат договор во идните недели да се постави гранична стража на надворешните граници на Унијата. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјавија дека членките наскоро ќе ги исплатат ветените две милијарди евра за помош на Турција, Јордан и Либан за згрижување на бегалците од Сирија. Јункер додаде дека со Турција било договорени и забрзување на либерализацијата на визниот режим за турските граѓани.

XS
SM
MD
LG