Достапни линкови

logo-print

Бугарски граничари убиле авганистански мигрант


Авганистански мигрант вчера бил убиен во тепачката меѓу бугарски гранични службеници и група мигранти за кои се верува дека биле авганистанци, соопштија бугарските власти. Тепачката и пукањето следеле откако граничните службеници се обиделе да приведат група од 40 мигранти кои илегално ја минале границата со Турција. Некои од мигрантите биле вооружени. Бугарскиот премиер Бојко Борисов веднаш заминал од Брисел каде што учествувал на самитот на ЕУ посветен на мигрантската криза. „Премиерот Борисов ме информира за тоа пред да замине. Ова е уште еден аргумент за тоа колку е важно да расправаме за овој проблем“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

XS
SM
MD
LG