Достапни линкови

Во Малезија уапсен косовски државјанин за шпионирање за ИД


Куала Лумпур

Куала Лумпур

Малезиските и американските власти соопштија дека во Куала Лумпур уапсиле граѓанин на Косово поради давање хакирани информации на терористичката група Исламска држава за американски персонал. Малезиската полиција прецизира дека станува збор за студент и оти истрагата покажала дека тој имал контакт со еден од лидерите на ИД во Сирија. Се додава и тоа дека тој влегол во Малезија во август минатата година за да студира компјутерска наука. Сега тој ќе биде екстрадиран во Соединетите држави. Во одвоена изјава Стејт департментот наведува дека станува збор за Ардит Феризи.

XS
SM
MD
LG