Достапни линкови

Евро пратеникот Иво Вајгл во Скопје


Известувачот во Европарламентот за Македонија Иво Вајгл, како што е најавено, на денешната средба со партиските лидери во Скопје треба да ја повтори пораката да продолжи имплементирањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија. Претходно, амбасадорот на Европската унија Аиво Орав побара од политичките партии повторно да се вратат и да се вклучат во работата на работните групи. „На 20 октомври истекува многу важен рок и согласно договорот од Пржино треба да се заврши многу работа. За жал нема многу време. Се надевам дека работата ќе биде завршена до зададениот краен рок и дека сите политички партии повторно ќе се вратат и ќе се вклучат во работата на работните групи без да губат време.

XS
SM
MD
LG