Достапни линкови

logo-print

Амбасадата на САД во Приштина со предупредување до граѓаните


Американската Амбасада во Приштина ги повика граѓаните кои се во Косово да не одат на плоштадот Мајка Тереза бидејќи, како што нагласуваат се очекуваат нови демонстрации кои може да прераснат во насилства. Предупредувањето е упатено откако во косовскиот Парламент одново беше фрлен солзавец, а седницата прекината и пред да почне. Во Приштина се водат консултации на претседателот на парламентот Кадри Весели и шефовите на парламентарните групи на кои не присуствува опозицијата. Опозицијата и активисти се пред парламентот на плоштадот над кој летаат хеликоптери на КФОР. Зградата на парламентот требаше да ја напуштат и сите новинари. Опозицијата бара од премиерот Иса Мустафа да го повлече потписот од Бриселскиот договор илида поднесе оставка. Тие тврдат дека ќе продолжат со протестите со кои ќе ја попречат работата на владата и парламентот. Претседателот на опозициското движење Самоопределување Глаук Конјуфца тврди дека внесувањето на солзавец во парламентот го помогнала полицијата.

XS
SM
MD
LG