Достапни линкови

Обама: Американските трупи остануваат во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама објави дека 9.800 американски војници ќе останат во Авганистан до крајот на 2016 година, наместо постепенмо да се повлекуваат како што беше планирано. Зборувајќи во Белата куќа, Обама денеска рече дека мисијата на ам,ериканските војници „нема да се промени“ и дека ќе продолжат да ги обучуваат авганистанските безбедносни сили и ќе ја поддржуваат земјата ов контратерористичките операции. Обама додаде дека 5.500 војници ќе останта во Авганистан и после јануари 2017 година, кога завршува неговиот мандат.

XS
SM
MD
LG