Достапни линкови

Орав: Партиите да продолжат да работат и да најдат решенија


Политички партии повторно да се вратат и да се вклучат во работата на работните групи со цел што поскоро да постигнат решенија за исполнување на обврските од договорот од Пржино, без да губат време, порача денеска евроамбасадорот Аиво Орав.

„На 20. октомври истекува многу важен рок и согласно договорот од Пржино треба да се заврши многу работа. За жал нема многу време. Се надевам дека работата ќе биде завршена до зададениот краен рок и дека сите политички партии повторно ќе се вратат и ќе се вклучат во работата на работните групи без да губат време. Партиите треба да продолжат да работат и да најдат решенија што е можно поскоро, рече Орав.

Во однос на работата на специјалниот обвинител Катица Јанева тој рече дека внимателно ја следат ситуацијата.

„Законот беше усвоен од мнозинството во Парламентот, сите четири најголеми партии го поддржаа Законот и изборот на специјалниот обвинител како личност, а исто така и Советот на јавни обвинители го одобри нејзиното назначување.Затоа верувам дека е повеќе од нормално на неа да и бидат дадени доволно ресурси за да работи правилно, рече амбасадорот Орав.

XS
SM
MD
LG