Достапни линкови

Столтенберг ја пофали Црна Гора за реформите


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја пофали Црна Гора за спроведувањето на реформите во своите вооружени сили. НАТО во декември треба да одлучи дали да ја покани земјата да се приклучи во западниот воен сојуз. Зборувајќи денеска пред пратениците во Црна Гора, Столтенберг рече: „го препознавме напредокот што земјата го направи во спроведувањето на реформите, во придонесот за меѓународната безбедност и во промовирање на соработката во рамките на Западен Балкан.“ Тој додаде: „Во блиска соработка со НАТО, Црна Гора ги реформираше армиските сили и службите за разузнавање.“

XS
SM
MD
LG