Достапни линкови

logo-print

Осум бегалци исчезнале во Егејското Море


Turkey - A man swims next to a rubber boat as refugees and migrants arrive on the Greek island of Lesbos after crossing the Aegean Sea from Turkey on October 13, 2015

Turkey - A man swims next to a rubber boat as refugees and migrants arrive on the Greek island of Lesbos after crossing the Aegean Sea from Turkey on October 13, 2015

Осум бегалци се водат како исчезнати откако дрвен чамец со кој се движеле кон грчкиот остров Лезбос се судрил со патролен чамец ангажиран на операција за спасување, по што потонал, соопшти грчката крајбрежна стража. Инцидентот се случил денеска на половина наутички милји од островот Лезбос кој е главна точка за влез на бегалци на нивниот пат од соседниот турски брег. Стотина илјади луѓе кои бегаат од војна или сиромаштија досега оваа година преминале од Турција во Грција.

Во меѓувреме грчката крајбрежна стража во потрага по бродови со бегалци, во изминатите 24 часа од водите на Егејско Море спасила 830 лица. Спасувачките операции се изведени во близина на грчките острови Лезбос, Киос, Самос, Агатониси и Кос, информираа локалните власти. Во средата, грчките власти во еден помал чамец пронајдоа тела на жена, девојче и детенце. Чамецот бил забележен од екипажот на хеликоптер на полициската агенција Фронтекс на Европската унија. Телата биле пронајдени по целодневната потрага по 24 лица од тој чамец, што се наоѓал во близина на турските територијални води.

XS
SM
MD
LG