Достапни линкови

logo-print

Путин и Назарбаев загрижени за ситуацијата во Таџикистан


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се многу загрижени за ситуацијата во Таџикистан. Назарбаев зборуваше на заедничка прес-конференција со Путин, по денешните разговори во главниот град Астана. Таџикистан се граничи со Авганистан каде во последните недели Талибанците ги засилија нападите. Во Таџикистан во септември се случи смртоносен бунт од страна на заменик министер за одбрана. Назарбаев рече дека „Казахстан ќе остане најблизок и најдоверлив сосед и сојузник на Русија.“ Путин, пак, изјави дека билатералните односи со Казахстан „се вистински сојузничи односи во секоја смисла на зборот.“ Тој додаде дека двете земји имаат „големи планови“ да копаат нафта во Каспиското Море.

XS
SM
MD
LG