Достапни линкови

Обама ќе го забави повлекувањето на силите од Авганистан


Високи американски претставници изјавија дека претседателот Барак Обама ќе ги забави плановите за повлекување на силите на САД од Авганистан, со тоа што ќе останат 5.500 војници после 2016 година. Обама денеска од Белата куќа треба да ги објави промените. Претставниците велат дека тој треба да претстави план за задржување на повеќето од сегашните сили од 9.800 војници во Авганистан во текот на 2016 година, а потоа бројката да се намали на 5.500 во 2017 година. Обама имаше цел да ги повлече сите сили, освен малата група базирана во американска амбасада во Кабул. Коалицијата предводена од САД во Авганистан ја заврши својата борбена мисија на крајот на 2014-та, по 13 години војна и оттогаш авганистанските трупи се задолжени за националната безбедност со помош на САД и НАТО. Но, авганистанските сили се соочуваат со напади од Талибанците, кои крато го премаа северниот град Кундуз.

XS
SM
MD
LG