Достапни линкови

logo-print

Повторно фрлен солзавец во косовскиот парламент


Пратеник од опозицијата во косовскиот парламент денеска пушти солзавец во парламентарната сала, во знак на протест против договорот со Србија постигнат во посредство на Европската унија. Ова е втор ваков инцидент неделава. Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово активираше граната солзавец, додека претседателот на парламентот се обиде да ја отвори седницата. Сите пратеници беа евакуирани. Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен.

XS
SM
MD
LG