Достапни линкови

МВР апси лица поврзани со настаните во Диво насеље


Оштетени куќи од вооружениот судир во кумановско Диво Насеље. во Мај 2015

Оштетени куќи од вооружениот судир во кумановско Диво Насеље. во Мај 2015

Од изутрината се во тек активности во регионите на Скопје и Куманово за пронаоѓање и лишување од слобода на лица наводни соработници на групата која извршила вооружен напад во мај во Диво насеље, изјави за РСЕ портпаролот на МВР Иво Котевски.

Во акцијата досега се приведени неколкумина лица, а траат претресите на уште неколку локации. Инциденти нема. Од Министерството најавуваат повеќе информации во текот на денот.

Во полициската акција во кумановската Дива Населба во првата половина на Мај оваа година загинаа 8 полицајци, а 37 беа повредени. Нема цивилни жртви. Биле убиени неколку вооружени лица, а околу 30 од групата биле уапсени.

XS
SM
MD
LG