Достапни линкови

Уште еден самит на ЕУ за мигрантите


Уште еден самит на ЕУ за мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Уште еден самит на ЕУ за мигрантите

Лидерите на Европската унија мора да почнат да го остваруваат ветувањето за финансиска помош со цел справување на мигрантската криза. Ова го изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер пред денешниот самит на Унијата посветен на напорите за запирањето на мигрантскиот бран во Европа.

„Не се доволни само ветувања. Мора да има докази дека се дејствува“, вели Јункер кој потенцира дека земјите членки наместо ветените над 770 луѓе како помош на европската гранична агенција Фронтекс дале само 48.

Според него, досега немало ништо ни од 2 милијарди евра што во минатиот месец беа ветени за справувањето со бегалците од Африка и од Сирија.

„Земјите членки само зборуваа. Сега ќе треба да работат“, рече Франс Тимерманс, кој му е заменик на Јункер во врска со евро самитот кој е четврти во изминативе шест месеци на кој доминира мигрантската криза, како и мерките предложени од Европската комисија за решавање на проблемот.

Единствениот клуч што го имаме за да дојдеме до решение за мигрантската криза е Турција. И тоа Ердоган добро го знае.

Се уште треба да се спроведе многу и тоа во момент кога останува прашањето дали Европската унија може да се справи со стотиците илјади мигранти чие хаотично движење ги поделија лидерите на Унијата и ги нарушија отворените внатрешни граници на блокот.

Се уште не е јасно дали Европа може да го регулира идното движење на нови милиони бегалци и мигранти.

Мерките вклучуваат поголема соработка и контрола на надворешните граници, главно во Грција и Италија и подобро идентификување на оние што треба да добијат мигрантски односно бегалски статус.

За повеќето европски претставници клучна е соработката со Турција во која има половина од четирите милиони сиријци кои сега живеат надвор од нивната земја.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган е вклучен во преговорите за кои Европската комисија се надева дека нејзината финансиска помош ќе доведе до подобрување на условитево бегалските кампови во Турција и до соработка со Грција во контролата на заедничката граница.

За возврат Анкара врши притисок за олабавување на визниот режим со Европската унија и забрзување на процесот за влез на Турција во Унијата.

Токму тука е и главната дилема кај некои европски влади. Некои од нив, меѓу кои е и Германија, не мислат дека оваа муслиманска земја треба да стане дел од Европската унија.

Притоа се спомнуваат и лошите оценки поради авторитарното владеење на Ердоган и справувањето со медиумите и курдското малцинство во земјата.

„Единствениот клуч што го имаме за да дојдеме до решение е Турција“, изјави за Ројтерс неименуван европски дипломат, додавајќи:

„И тоа Ердоган добро го знае“.

Владата на германскиот канцелар Ангела Меркел кој во текот на претстојниот викенд ќе престојува во Турција вчера изрази волја да го поддржи предлогот Турција да биде ставена на листата на „безбедни земји“ чии граѓани имаат малку шанси да добиваат азил во Европа.

Берлин сака да ја прошири листата на безбедни земји со Косово, Албанија, Црна Гора. Во ова категорија веќе се Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG