Достапни линкови

Белата куќа против разговори со Русија за Сирија


Џош Ернст

Џош Ернст

Белата куќа го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин да го испрати премиерот Дмитри Медведев во Соединетите држави на разговори за воена соработка во Сирија. Според Вашингтон тоа бил очаен потег на Москва. Соединетите држави и Русија веќе разговараат за одбегнување евентуални судири меѓу нивните сили кои спроведуваат одвоени воздушни кампањи во Сирија. „Не сме заинтересирани за проширување на овие разговори се додека Русија нема добра волја конструктивно да придонесува во борбата против милитантите на Исламската држава“, рече портпаролот на Белата куќа Џош Ернст.

XS
SM
MD
LG