Достапни линкови

logo-print

Лавров: Москва помага во борбата против ИД во Ирак


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва помагала во борбата против милитантите на Исламската држава во Ирак со согласност од владата во Багдад. Тој за време на престојот во Финска прецизира дека новиот разузнавачки центар во Багдад кој моментално го сочинувале руски, ирачки, ирански и сириски претставници останува отворен за сите заинтересирани страни. Претходно еден ирачки пратеник изјави дека Ирак почнал да бомбардира позиции на ИД со помош на овој разузнавачки центар. Пред заминувањето за Финска, Лавров изјави дека освен Сирија ниту една друга земја не побара директна руска воена помош.

XS
SM
MD
LG