Достапни линкови

logo-print

САД со критики за верска репресија на исламистите


Соединетите држави ја осудија верската репресија од страна на џихадистите од Исламската држава во Сирија и Ирак, како и нивниот „брутален прогон“ на верските малцинства во овие земји. Во годишниот извештај на Стејт департментот за верските слободи, Вашингтон изразува загриженост и поради порастот на антисемитизмот во Франција и Германија. Во извештајот се осудуваат Кина и Иран за нивната, како што се наведува, „монструозна“ политика на верска дискриминација.

XS
SM
MD
LG