Достапни линкови

logo-print

Заев: денеска конечна одлука за преговорите


Зоран Заев

Зоран Заев

СДСМ вчера соопшти дека се повлекува од преговорите на работните групи за дополнителни партиски консултации. Според претседателот на СДСМ Зоран Заев, конечната одлука ќе биде соопштена денеска. Опозицијата тврди дека со одлуката на Советот на јавни обвинители да се преполови тимот на Катица Јанева прекршени се договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија и Законот за специјално јавно обвинителство. Во меѓувреме европскиот посредник во преговорите меѓу партиските работни групи Питер Ванхауте изјави дека бил постигнат договор за Изборниот законик. Тој исто така изјави дека една партија, без да прецизира за која станува збор, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител.

XS
SM
MD
LG