Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 18 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе биде облачно со услови за појава на краткотраен слаб дожд. Во Скопје температурата ќе достигне до 20 степени.

XS
SM
MD
LG