Достапни линкови

logo-print

Пакистан распоредува 16.000 војници низ земјата


Пакистанскиот министер за внатрешни работи Чаудри Нисар најави рапоредување на повеќе од 16 илјади припадници на безбедносните сили низ Пакистан, во обид да биде спречено секташко насилство за време на шиитскиот свет месец Мохарам. Нисар денеска рече дека околу 10 илјади војници од пакистанската армија и други 6300 припадници на паравоени единици ќе бидат вклучени во безбедносните операции. Прославите често се нарушени од секрашко насилство, кое е во пораст во последните години. Во 2013 година во сидирите меѓу сунитските и шиитските муслимани за време на Мохарам, во близина на Исламабад загинаа најмалку 11 луѓе.

XS
SM
MD
LG