Достапни линкови

Иран ја одобри имплементацијата на нуклеарниот договор


Советот на заштитници на Иран го одобри имплементирањето на нуклеарниот договор постигнат со светските сили, со што е направен конечниот чекор во процесот и покрај напорите тој да биде попречен. Денешната ратификација доаѓа еден ден откако иранскиот Парлемнт го донесе законот кој и ја одобрува имплементацијата на договорот од 14 јули на Владата на претседателот Хасан Рохани. Со одобрувањето на конзервативните свештеници и иранските официјални претставници на 12-члениот Совет на заштитници, законот сега преминува во право. Законот гарантира одговорност за имплементирање на нуклеарниот договор за Врховниот совет за национална безбедност, не чие чело е Рохани. Иран може да се повлече од спроведувањето на договорот доколку светските сили не ги исполнат ветувањата за укинување на санкциите или доколку се воведени нови санкции и се продолжат постоечките.

XS
SM
MD
LG