Достапни линкови

logo-print

Русија побара нова истрага за падот на малезискиот авион


Русија поднесе жалба до Меѓународната организација за цивилно воздухопловство да отвори нова истрага за минатогодишниот пад на авионот на Малезија ерлајнс МХ17 во источна Украина, објави денеска заменик шефот на руската Агенција за авијација, Олег Сторчевој. Боингот 777 се урна на 17 јули 2014 година при што загинаа 298 луѓе. Холандскиот Одбор за безбедност во конечниот извештај што го објави вчера, наведува дека авионот бил урнат од проектил земја-воздух од типот „Бук“ произведен во Русија. Две третени од жртвите во авионот беа холандски државјани. Во извештајот не е наведено кој го лансирал проектилот , но е идентификувана површина од 320 киломтри квадратни, од каде се вели дека е можно да се случило лансирањето. Во времето кога се случи нападот, територијата во голема мера беше контролирана од страна на проруските бунтовници. Сторчевој сугерираше дека Русија верува оти некои од доказите биле фалсификувани. Лидерот на бунтовниците во Доњецк, Александар Захараченко отфрли било каква вмешаност во несреќата.

XS
SM
MD
LG