Достапни линкови

Прекин на преговорите за имплементација на Договорот од Пржино


Белгискиот експерт Питер Ванхауте изјави денеска дека партиите постигнале согласност за изборниот законик, за што изрази задоволство.

Сепак тој објави дека една партија, без да прецизира која, ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител.

Како што дознаваме, преговорите ги напуштила СДСМ поради одбивањето на Советот на Јавните Обвинители да го прифати во целост тимот што го предложи специјалната обвинителка Катица Јанева.

За СДСМ ова е прекшување на законот за специјален јавен обвинител и договорот од Пржино.

СДСМ најавува дека ќе ја разгледа ново-настанатата ситуација и веројатно утре ќе се изјасни што натаму.

XS
SM
MD
LG