Достапни линкови

Другите може, Ромите назад


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Дискриминација и расно профилирање е тоа што не им се дозволува на Ромите со важечки пасоши да излезат од Македонија поради страв дека одат во ЕУ да бараат азил.

Ромите трпат дискриминација на граничните премини со тоа што не им се дозволува да излезат од Македонија, тврдат Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и други невладини организации, додека полицијата вели дека не се работи за дискриминација, туку оти си ја работи работата.

Само ромските патници биле прашувани каде одат, дали имаат гарантни писма за да одат во Србија, само Ромите биле прашувани колку пари носат и само Ромите биле симнувани од автобусите и испрашувани.
Нина Суомалаинен, амбасадорка на ОБСЕ во Македонија.

Народниот правобранител Иџет Мемети, на денешната конференција „Ограничување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“ што се одржа во Скопје, рече дека проблемот со слободата на движење на ромската популација се појавил во 2011 година, а во 2013 и 2014 година станале масовна појава.

„Во овој период, Народниот правобранител водеше поголем број постапки, при што констатираше повреда на нивните права слободно да може да се движат и да ја поминуваат границата, односно имавме случаи каде што бевме сигурни дека постои дискриминација, дека тие не може да го остварат тоа право затоа што се припадници на ромската популација“, вели Мемети.

Амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалаинен рече дека Мисијата на ОБСЕ во Македонија во 2013 дознала дека некои Роми сметаат дека им е нарушено правото на слободно движење и дека не може да ги користат придобивките од визната либерализација само затоа што се Роми. Со поддршка на ОБСЕ, Хелсиншкиот комитет минатата година спроведе проверка на состојбата, која покажа дека постојат расно мотивирани дискриминаторски практики на граничниот премин Табановце, рече таа.

„Само ромските патници биле прашувани каде одат, дали имаат гарантни писма за да одат во Србија, само Ромите биле прашувани колку пари носат и само Ромите биле симнувани од автобусите и испрашувани“, рече таа.

Македонска актерка не може во странство оти е Ромка
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека постои системска дискриминација и расно профилирање на Ромите на граничните премини.

Ние ги раздвојуваме во нашата пракса, јас не кријам дека ги симнуваме. Ние симнуваме и луѓе што возат БМВ. Ако во Европа украдат пет БМВ-а и кружат предупредувања дека во изминатите 10 дена се украдени 10 автомобили Ку7, ако вие возите Ку7, нема шанса да не бидете проверени.
Стојче Чоклевски, Сектор за гранична контрола во МВР.

„Сето ова што се случува со Ромите, со исклучувањата на граѓаните со различни карактеристики од мнозинството од населението е манир на оваа власт. Она што порано сметавме дека се права, односно освоена територија, испадна дека е територија за којашто повторно треба да се бориме и да ја освојуваме“, вели Пировска.

Стојче Чоклевски од Секторот за гранична контрола во МВР, пак, воопшто не се согласува со нивните констатации. Полицијата никого не дискриминира, туку само си ја работи работата, вели тој.

„Не сакам да ве заморувам со бројки. Кој бараше азил ако не заминале, ако сите биле дискриминирани и биле оставени во Македонија и биле спречени? Кои Роми? Фронтекс кажува дека се Роми од Македонија. Каде поминаа тие Роми? Поминаа на граничните премини. Како поминаа Ромите? Оние што беа поверзирани извадија документи. Велат оделе на свадба. Во ред, ама не може на свадба да одите без поклон. Ако не сте купиле поклон треба пари за поклон или кеш да дадете. Не може од тој што ве кани да немате гарантно писмо, не може од тој што ве кани да немате телефон. Ние ги раздвојуваме во нашата пракса, јас не кријам дека ги симнуваме. Ние симнуваме и луѓе што возат БМВ. Ако во Европа украдат пет БМВ-а и кружат предупредувања дека во изминатите 10 дена се украдени 10 автомобили Ку7, ако вие возите Ку7, нема шанса да не бидете проверени“, рече Чоклевски.

За проблемот со тоа што на Ромите не им се дозволува да ја напуштат Македонија медиумите пишувале во многу наврати. Минатата година на актерката Емра Куртишова од Театарот за деца и младинци не и беше дозволено да отпатува на гости кај сестра и во Германија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG