Достапни линкови

logo-print

ИД повика на џихад против Русите и Американците


Милитантната група на Исламската држава ги повика муслиманите на „света војна“ против Русите и Американците. „Млади исламисти од секаде, запалете џихад против Русите и Американците кои учествуваат во крстоносни војни против муслиманите“, истакна денеска портпаролот на ИД, Абу Мухамед ал-Аднани преку аудио порака. САД и Русија спроведуваат посебни воздушни кампањи во Сирија за кои велат дека се фокусирани против ИД. Но, Вашингртон вели дека Москва цели и други бунтовнички групи кои се борат против ИД. Русија ги отфрла обвинувањата.

XS
SM
MD
LG