Достапни линкови

И Хрватска најавува огради на границите


Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ смета дека на државата во иднина ќе и биде потребна „некаква ограда“ на границата и вели дека од самиот почеток на бегалската криза се залага за апсолутна гранична контрола, за што Вооружените сили и полицијаата имаат можности и опрема. „Би сакала тоа да можеме да го одбегнеме, меѓутоа во иднина јас не гледам како поинаку да се заштитиме“, наведе Китаровиќ во интервју за „Јутарњи лист“. Таа потсети дека е противник на затворањето на официјалните гранични премини, но и наведува дека државата не може да се грижи за се поголемиот број луѓе и не сака Хрватска да се најде во позиција да влезат поголем број луѓе, а да се затворат границите на соседните држави.

XS
SM
MD
LG