Достапни линкови

Лавров: Само Сирија побара директна поддршка од Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ниту една земја освен Сирија не побарала директна воена поддршка од Москва. Лавров денеска рече дека Русија одблиску ја набљудува ситуцаијата во Ирак и во Авганистан, но дека само Сирија побарала директна поддршка. Тој додаде дека за таквите барања, доколку се направени, одлучува претседателот Владимир Путин. Лавров исто така рече дека САД го одбиле предлогот на Русија да пратат висока воена делегација во Москва, за да дискутираат за подлабока соработка за борбите во Сирија. Лавров рече дека предлогот бои направен од претседателот Владимир Путин за време на неговата посета на Њујорк во септември.

XS
SM
MD
LG