Достапни линкови

На предвремените парламентарни избори минатата година, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои три пратеници на гласањето во дијаспората со вкупно освоени 6.563 гласови.

Гласање на дијаспората не треба да има и тоа прашање не би требало да предизвикува застој во преговорите меѓу политичките партии, велат дел од експертите.

Во моментов и во услови какви што ги имаме денеска јас мислам дека дијаспората не треба да се вклучи во гласањето или треба да се вклучи во гласачките листи кои се понудени во Македонија. Да имаат нивни претставници и да се потрошат огромни средства за гласање на дијаспората за резултат кој што можеби е однапред познат ценам дека не треба да постои можност за договор меѓу партиите.

Рокот за договор за Изборниот законик предвиден со договорот од Пржино истече пред шест дена. Вчера еврокомесарот Јоханес Хан изрази загриженост поради неговото пробивање. Белгискиот експерт, кој посредува на преговорите, Питер Ван Хоуте, порача дека партиите треба да најдат компромис и освен за гласањето на дијаспората, според него, останува и прашањето како ќе се гласа во ДИК.

Професор Никола Дујоски вели дека воопшто не е важно каков ќе биде исходот од гласањето во дијаспората доколку тоа се случи, туку поважно е дали на Република Македонија и е воопшто потребно такво нешто или не.

„Во моментов и во услови какви што ги имаме денеска јас мислам дека дијаспората не треба да се вклучи во гласањето или треба да се вклучи во гласачките листи кои се понудени во Македонија. Да имаат нивни претставници и да се потрошат огромни средства за гласање на дијаспората за резултат кој што можеби е однапред познат ценам дека не треба да постои можност за договор меѓу партиите“, смета Дујоски.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани смета дека е во прашање суетата и интересот на ВМРО-ДПМНЕ со цел да си го овозможат најлесниот пат за добивањето на тројца пратеници. Според него, не треба за такво прашање да се блокираат преговорите.

„Поаѓајќи од фактот дека таа нивна шема е разработена во дијаспората и тоа што тие сметаат дека тоа им е сигурен резултат нормално е да инсистираат до крај да остане таквиот начин на гласање на изборот на пратеници од дијаспората“, вели Рамадани.

Тоа што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ претендира да има гласање во дијаспората како досега, според Дујоски, значи дека таа веќе си ги брои тие три пратеници на своето конто, а дали тие ќе направат разлика на изборите е рано да се каже.

„Во секој случај сметам дека опозициските партии не треба да прифатат гласање во дијаспората какво што имавме во минатите избори. Тоа ќе биде суштински за да се поправи целиот изборен процес во Македонија, затоа што тоа што ќе се договори за гласањето на дијаспората ќе се отслика потоа и на избирачкиот список и на ДИК и на многу други прашања поврзани со изборите. Токму затоа камен на сопнување е дијаспората, бидејќи одовде ќе тргне сè. Кој прв ќе направи отстапка ќе мора и потоа да прави отстапки во секој друг чекор“, додава Дујоски.

На предвремените парламентарни избори минатата година, владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои три пратеници на гласањето во дијаспората. Според резултатите на ДИК, 1.845 луѓе гласале во Северна и Јужна Америка, 982 во Австралија и Азија, а 8.614 во Европа и Африка. ВМРО-ДПМНЕ на сите континенти освоила вкупно 6.563 гласови од 11.441, колку што гласале.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG